Во текот на ноќта во Србија починаа уште двајца пациенти, кај кои беше потврден вирусот „Ковид-19“, објави денес Ковид19.рс.
Во прашање е К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на КЦС и последните неколку денови бил на респиратор, а докторите вложиле максимум при лечењето.
![]()
Инаку страдал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронично опструктивно белодробно заболување и дијабетес мелитус.
Втората жртва е жена П.Б. (62), која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш и била извршена респираторна нега и под постојана грижа на медицинските тимови.
Како што е наведено, сепак, дошло до смртоносен исход, а починатата хронично се лечела од артериска хипертензија и дијабетес, како и ревматоиден артритис.
Во Србија, шест лица починаа од коронавирусот, а заразени се 384 лица.