Британски работник на социјалните мрежи објави видео во кое објасни како ќе изгледа комплексот „Ексел центар“ во Лондон кога ќе биде претворен во привремена болница за борба против коронавирусот.
Градежните работи започнале веќе минатата среда, а Алекс Вудсајд кој работи на поставување на електричните кабли, објави „вознемирувачко видео“ на кое се гледа комплексот од 100 илјади квадрати во кој ќе има 4 илјади кревети.
На снимката тој вели дека не сфаќал колку е сериозна ситуацијата кога е во прашање Ковид-19, се додека не го видел ова.
„Ако ова не го сфаќате сериозно, како што ниту јас не го сфаќав сериозно, мислам дека навистина мораме да почнеме да се подготвуваме за апсолутно висока стапка на смртност тука“, изјави Вудсајд кој откри дека во огромниот објект, еден дел е предвиден и за мртовечница.