Препораките за миење раце и дезинфекција во домот треба да се почитуваат, но добро е да знаете и кои средства во вакви услови смеете да ги комбинирате, а кои не.
Генерално земено, хемиските супстанци за чистење не треба да ги мешате бидејќи нема да добиете поефикасно средство за дезинфекција на тој начин.
Следете ги упатствата за чистење што се наведени на самото пакување. Но, следниве супстанци не смеете да ги мешате:
Варикина и оцет
Создаваат хемиска реакција чие испарување предизвикува кашлица, тешко дишење и иритација на очите.
Варикина и средства со амонијак
Со реакцијата меѓу овие две средства се ослободува токсичен гас кој го отежнува дишењето и предизвикува болки во градите.
Алкохол и варикина
Комбинацијата на високопроцентен алкохол со варикина може да резултира со токсичен гас, па дури и со доволни дози на хлороформ поради кој ќе почувствувате несвестица.
Хидроген пероксид со оцет
Ако ги измешате нема да добиете средство за дезинфекција, туку корозивна течност која ќе ги уништи површините во вашиот дом.