Потврдена одлуката за почеток на преговори со С.Македонија и Албанија

од Vladimir Zorba
150 прегледи

На редовниот самит на Европската Унија вечерва европските лидери ја потврдија одлуката за отворање на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија.

Европските лидери состанокот го одржаа онлајн, а главна тема беше коронавирусот.

„Ги прифаќаме заклучоците на Советот од 25 март 2020 за проширувањето и процесот на асоцијација и стабилизација“, се вели во соопштението од денешниот самит на лидерите на ЕУ.

Веста ја потврди и Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на Твитер, кој додаде дека ќе се почне со работата на преговарачката рамка, додека реформите во двете земји продолжуваат.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ која е претседавач со Советот на ЕУ вечерва на Твитер напиша дека се задоволни од потврдата за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Тоа покажува дека ЕУ останува насочена на своите приоритети во тешки околности“, сподели Пленковиќ.

Слични содржини