Си понуди помош против Ковид-19, Трамп порача: Кина помина многу и добро го разбира вирусот

од Aleksandar Petrovski
123 прегледи

Американскито претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата од новиот коронавирус, од кој во последните 24 часа в светот починаа над 24.000 луѓе.

– Кина беше отворена и транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот. изјави Си во телефонскито разговор со Трамп.

Додека Трамп на Твитер напиша дека „Кина помина многу и добро го разбира вирусот. Блиско соработуваме за тоа прашање“.

Трамп и други американски претставници ја обвинија Кина дека не била доволно транспарентна за коронавирусот.

Си им понуди помош на САД, во момент кога има поголем број заразени лица со Ковид-19 од Кина.

Кинескиот претседател истакна и дека Пекинг и Вашингтон треба да имаат комуникација за спречување на вирусот.

– Соработката помеѓу двете држави е единствен прав избор, посочи Си.