Меган му забранила на Хари да го посети принцот Чарлс

355 прегледи

Меган Маркл наводно му забранила на принцот Хари да го посети татко си Чарлс, кој е позитивен на коронавирусот.

„Меган му рече на Хари дека под никој услов не е во ред сега да патува било каде, а особено во посета на принцот Чарлс кој е позитивен на коронавирусот“, рекол извор за Daily Mail.

Меган исто така открила дека Хари редовно е во комуникација со брата си, принцот Вилијам како и кралицата Елизибате.

„Таа рече дека оваа криза всушност ги зближила, особено Хари и Вилијам, Хари јасно им даде до знаење дека ќе направи се што може како би им помогнал“, наведува изворот.

Хари татко си, последен пат, го виде претходно овој месец. Јавно се видени заедно на 9 март на годишната служба за Комонвелтот во Вестминистерската опатија.

Меган и Хари задено со синот Арчи претстојуваат во Канада, а од персоналот бараат строго придржување до хигиенскиот протокол и да носат заштитни маски и ракавици.

Слични содржини