Рамштајн ги демантираше медиумите: Пејачот нема корона

398 прегледи

Откако медиумите ширум светот ја пренесоа веста на германскиот Bild, дека музичарот Тил Линдеман има коронавирус, се огласи германскиот рок бенд Рамштајн, во кој Тил е фронтмен.

– Тим Линдеман вчера беше сместен во болница по препорака на доктор. Тој помина една ноќ на интезивна нега во болницата, но е преместен бидејќи се чувствува подобро. Тестот за коронавирусот беше негативен – напишаа од бендот.

Тил во средината на март имал концерт во Москва, а кога се врати во Берлин доби висока температура. Итната помош го донела во болница во која се тестирал за коронавирусот, а тогаш германските медиуми започнаа да пишуваат дека тестот бил позитивен.

Фановите пишуваа дека Тил на концертот бил енергичен како и секогаш и дека не покажувал знаци на болеста.

Слични содржини