Демократската Унија за интеграција им честита на сите наши граѓани за полноправното членство на нашата земја во НАТО по завршувањето на сите формални постапки на процесот за членство.Големите достигнувања оваа недела се круна на нашето национално и политичко дејствување, сега веќе сме полноправна членка на НАТО и ги започнавме преговорите за членство во Европската Унија, се вели во соопштението на ДУИ.
Тие велат дека Демократската Унија за Интеграција е гарант на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство.
Нема да дозволиме враќање назад.Навистина, процесите на рамноправност и интеграција задоцника, но на
крај се реализираа за да станат постојани.Сите достигнувања се заслуга на граѓаните на нашата земја.ДУИ изразува благодарност до Соединетите Американски Држави и 28-те земји членки за подршката за нашето членство во НАТО и цено дека ова е заеднички успех на сите нас.Безбедната иднина е определба на граѓаните и наша обврска, велат од ДУИ.