На денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче изјави дека влегуваме во вториот месец во борбата против коронавирусот, во овој период ќе расте бројот на починати.
-Пандемијата не стивнува, бројката секојдневно расте, нашата земја не е заобиколена, помина скоро еден месец откако беше откриен првиот позитивен случај на коронавирусот кај нас. Од тогаш до денес бројот расте, тој се зголемува линеарно односно подеднакво сега за сега нашиот систем може да го издржи ова темпо, ние сме во форма на војна. Морам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец во борбата. Во овој најтежок период кај нас ќе расте и бројот на починати. Денеска имаме и млад човек, тоа ни кажува дека никој не е имун. Оние кои не бае уптени сега со оваа ситуација е јасно дека тоа е закана и ние мора да се однесуваме одговорно, изјави Филипче.