Кралицата ја вработи поранешната шефица на ПР на Меган и Хари

од Elena Daskalova
431 прегледи

Вкупно 15 вработени кај војвотката и војводата од Сасекс мораа да бидат отпуштени или прераспределени откако парот се повлече од кралското семејство.

Но, Сара Летам, која работеше како шеф на службата за односи со јавност, остана во кралското семејство и тоа ангажирана токму од кралицата Елизабета.

Пред Меган и Хари, таа работеше како виш советник во тимот на Хилари Клинтон во текот на претседателската кампања, а претходно и за Бил Клинтон, додека пак во 2008 беше советник и на Барак Обама.

Според Дејли Мејл, таа имала одлична визија за себе со тоа што се свртела на вистинската страна по таканаречениот мегзит.

Слични содржини