491
Хумани луѓе сè уште постојат, доказ за тоа е и овој сосед кој преку известување кое го има ставено на огласната табла во својата зграда им нуди помош на своите станари.
-Почитувани постари лица како и хронично болни, во периодот додека трае вонредната состојба ви стојам на располагање за пазарење и исфрлање на сметот од вашиот дом, кој има ваква потреба ве молам нека ме исконтактира, напишал на хуманиот сосед.