Ријана планира да има четири деца во следните десет години. Своите планови ги откри за британскиот Вог, на чија насловна се наоѓа токму таа.
Пејачката е првата личност која на насловна на магазинот носи дураг, покривка за главата.
Како што открила во интервјуто, таа е подготвен самата да воспитува три или четири деца, доколку не го најде вистинскиот.
„Дали би го направила тоа сама? По ѓаволите, да. Ќе имам деца, три или четири“, рекла 32-годишната музичарка.
Во јануари таа ја прекина тригодишната романса со саудскиот милијардер Хасан Јамел, но тврди дека тоа што сега нема партнер нема да ја спречи во намерата да стане мајка.
„Општеството ве понижува како мајка, доколку во животот детето нема татко. Но единствена рбаота која е важна е среќата, тоа е единствен и здрав однос меѓу родителите и детето. Единствената работа која навистина може да го подигне детето е љубовта“, рекла.
Таа откри дека „агресивно“ работи на новите песни, но не откри кога ќе може да ги слушнеме.
„Не можам да ви кажам кога ќе објавам нешто. Не сакам албумот да биде тематски. Нема правила, нема формат, нема ништо. Само добра музика, а доколку почувствувам дека е вистинско време, ќе го објавам“, рекла.
Таа додала дека ги испробала сите жанрови и сега е подготвена на се.
„Можам да направам што ќе посакам“, рекл Ријана.