Холандија ќе даде поддршка за Северна Македонија преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација (СЗО). Се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена, пренесе сајтот на „The Netherlands and you“.
Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот,се вели во написот споделен од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Клучно во глобалната битка против пандемијата ќе биде меѓународната солидарност и координација да се шири побрзо од вирусот“, пишува Димитров