Ги кршат мерките преку ден, а навечер ги бодрат лекарите – лицемерие и себичност, вели Брнабиќ за ситуацијата во Србија

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Експертите велат дека во петтата и шестата недела нема што да чекате, ова се моментите кога нашето општество паѓа или победува и јас ги повикувам и ги прашувам сите граѓани дека, ако не за ваша корист, тоа е заради солидарноста со лекарите и старите граѓани, сега сите заедно да ги почитуваме мерките, рече вечерва премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, цитирана од Н1.

– Мислам дека е пример за екстремна себичност и лицемерие, дека е срамотно што некој преку ден ги крши препораките и мерките за самоизолација кои се донесени, а потоа ги бодри докторите и медицинските сестри во 20 часот“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.

Секој ден во кој се шетаме е еден ден повеќе за оние над 65 години да седат дома, вели премиерката.

– Ако сите седевме дома две недели, ќе им олесниме на овие луѓе да не седат дома во изолација, рече Брнабиќ.