Брачен пар од Флорида почина од коронавирус: Биле неразделни 51 година, починале во рок од шест минути (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
160 прегледи

Брачниот пар од Флорида, кои пријателите и семејството за време на бракот од 51 година ги нарекувале неразделни, не се справила со последиците од коронавирусот. Тие заминале заедно во смрт, еден по друг, во рок од шест минути, и како што вели нивниот син, се чинело дека ќе ја победат болеста.

Стјуарт Бејкер (74) и Адријан Бејкер (72) биле здрави пред да се заразат со коронавирус кон средината на март. Стјуарт потешко бил погоден од вирусот и примен во болница, а Адријан останала дома со лесни симптоми.
Кога дознала дека на Стјуарт му се влошила состојбата, дека бил пренесен на интензивна нега, дека е позитивен на коронавирусот, отишла во болница за да биде тестирана. Нејзината состојба се влоши од шокот.

Веста за нивната смрт ја сподели синот Бади Бејкер, наведувајќи дека сите мора да бидат свесни дека ова е тешка болест и дека мора да направат паметни избори и да останат дома.