
Во округот Карловац, заразени се вкупно 24 лица, а меѓу нив е, како што соопштиja денеска властите во тој регион, двомесечно бебе.
Ова е најмладата личност заразена со коронавирус во Хрватска.
Шест лица се хоспитализирани во Карловац, едното е на клиника во Загреб, а другите се на домашна нега. Најстарото заболено лице има 82 години, а заразеното бебе е старо два и пол месеци и е од Дуга Реса.
Инфекцијата на бебето ја пренела неговата мајка.
„Бебето е пуштено од болницата поради нејзината добра состојба. Таа немаше треска, само благи проблеми со респираторниот систем. Состојбата се следи“, рече инфектологот на општата болница Карловац, д-р Лука Јерковиќ, јавува „KAportal“.
Нема новозаразени во округот Карловац во последните 24 часа.
Само еден доктор од округот Карловац е позитивен на коронавирус.