Соседите со месеци не ги виделе: Mајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

од Берта Китинска
331 прегледи

Во стан во Велес полицијата утрово пронајде две мртви тела. Станот е улица 4-ти Јули во Велес, во близина на детската градинка кај Жаба зграда. Од полицијата потврдија дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите. Според соседите, најверојатно се работи за мајка и син кои повеќе од еден месец не биле видени од соседите.

Јавен обвинител е на терен и врши увид, по што ќе се знае причината и времето на смртта на двајцата велешани.

Слични содржини