Спасовски: Ако не се почитуваат и овие мерки ќе следат драстични рестрикции

од Берта Китинска
208 прегледи

На прашањето дали ќе се воведат построги мерки техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција најави дека Владата има разработено и други сценарија.

-Да имаме разработени сценарија и други драстични рестрикции, но граѓаните да не се опуштаат колку сериозно ќе ги сфатиме толку ќе бидат помали последиците. Колку ќе бидеме свесни за состојбата толку ќе бидат зајакнати, изјави Спасовски.