
Во Турција бројот на загинати од коронавирусот се зголеми за 75 лица денес на 649, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коча на Твитер.
Тој напиша дека бројот на новозаразени се зголемил за 3.148, на 30.217, објави Ројтерс.
Според него, за КОВИД-19 биле тестирани 21.400 лица во последните 24 часа во Турција.