Еден маж (65) започнал да кашла и плука по намирници во супермаркет во Кингстон, Масачусетс, поради што другите купувачи морале да реагираат.
Тој бил фрлен на подот и задржан додека не пристигне полицијата. Иако арогантниот господин бил однесен во болница поради претпазливост, полицијата не верува дека тој навистина бил заразен со коронавирус.
Според сведоците, човекот бил видно агресивен и исто така сакал да прободе вработен, кој реагирал откако го видел како кашла и плукал по храната.
Еден вработен го удрил во лицето, а другите купувачи го совладале и притиснале на земја.
„Не обидувај се да станеш“, му рекле.
Ако овој неодговорен човек се врати во истиот супермаркет, ќе биде уапсен. Фрлена е целата храна, за која се сомневаат дека може да е контаминирана, а тој дел од продавницата бил исчистен и дезинфициран.
https://www.facebook.com/kyle.mann.758399/videos/848863252262940/?t=5