150
Бројот на починати од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа е зголемен за 87, со вкупно 812, соопшти денеска турското Министерство за здравство.
Во исто време, бројот на заразени од коронавирус се зголемил за 4.117 и сега изнесува 38.226, објави Ројтерс.
Бројот на излекувани во Турција е 1.846, а бројот на тестирани во изминатите 24 часа е 24.900, соопшти Министерството за здравство.