По смртта на притвореникот, испратени медицински тимови во Истражниот затвор во Шутка

од Берта Китинска
307 прегледи

Министерството за здравство информира дека по сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници.

Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението.

За овој случај извести вчера Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче на редовна прес-конференција, по информациите од Истражниот затвор во Шутка за починат притвореник како последица на срцев удар, кој престојувал во оваа институција од 8 март, а за време на престојот немал симптоми на коронавирус.

Слични содржини