Криминалните организации во Италија дистрибуираат прехранбени производи на најсиромашните и им помагаат во одобрување на заеми без камати за да ги намамат за време на епидемијата на коронавирусот, предупреди новинарот и експерт за мафија Роберто Савијано.

Мафијашките групи гледаат да влезат во некои од работните места кои сега се во тешкотија и чекаат европска финансиска помош, рече Савијано, кој исто така е автор на книгата „Гомора“ за мафијата Камора во Неапол.
„Мафијата само чека некоја криза“, а деловните субјекти ќе бидат жртви бидејќи ќе најдат нови партнери поврзани со овие криминални организации.
„Станувате партнер затоа што влегувате во деловно работење. Тоа не е како некој да влегува со пиштол, туку тоа се финансиски советници во одреден момент“, додаде Савијано.
Според него, ако Европа не интервенира, мафијашките пари веќе во Германија, Франција, Шпанија и Белгија ќе се размножуваат неконтролирано.
Покрај обезбедувањето храна на најсиромашните во Неапол, „рекетарите“ ја намалија каматата за позајмените пари на барање на Камора.
„Зошто? Да се добие нешто за возврат“, рече Савијано, кој моментно живее во Њујорк, а има полициска заштита откако ја издаде книгатаа во 2006 година, поради бројните закани што ги добивање.