Белорусија веруваше дека е посилна од короната, а сега признаа: 2.226 заразени и 23 починати

од Aleksandar Petrovski
192 прегледи

Во Белорусија починаа 23 лица како резултат на коронавирусот, додека заразени се 2.226 лица, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Според изјавата, 2.031 лица се наоѓаат во болница, додека 172 се излечени од коронавирусот, пренесува ТАСС.

Министерството напоменува дека за лечење на 55 лица им се неопходни респиратори.

Белорусија е единствената европска земја каде што фудбалот сè уште се игра, иако е пикот на пандемија на коронавирус во светот наведува Ројтерс, а се поголем број навивачи ги бојкотираат натпреварите од страв дека може да се заразат.