Потресни исповеди на луѓе кои не можеле да бидат со своите најблиски додека умирале од КОВИД-19

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Изолацијата на заразените со КОВИД-19, дури и на смртна постела, е карактеристична црта на пандемијата на коронавирусот САРС-КоВ-2. Пациентите умираат сами во нивните болнички соби, одделени од нивните партнери, деца, браќа и сестри и честопати од свештениците.

Емоционалните моменти на самиот крај на животот, ако заразениот воопшто ги доживее, се одвиваат преку таблети или мобилни телефони со странец како посредник, пишува Вол Стрит Журнал.

Додека лекарите на 83-годишниот татко на Ненси Хопкинс го подготвувале во возилото за брза помош, таа ставила рака на рамо, се наведнала и му ветила дека ќе биде со него цело време. Ветувањето, сепак, не го задржала. Се разбира, не затоа што не сакала, туку затоа што не можела. Кога нејзиниот татко беше примен во болница во Конвеј, Јужна Каролина, во средината на март, Ненси дознала дека нема да може да влезе во болница од безбедносни причини.

Таа немала сила да се врати дома и седела во својот автомобил на болничкиот паркинг неколку часа. Бришејќи ги солзите од лицето, Ненси на крајот се враќа дома.

Нејзиниот татко, Роберт МекКорд, пензиониран одгледувач на домашни животни, му беше дијагностициран КОВИД-19 и беше сместен во изолација 14 дена во болницата. Неговата состојба не се подобри и Ненси се збогуваше со нејзиниот татко на 1 април. Преку мобилен телефон завиткан во пластична кеса која медицинската сестра ја држеше покрај увото на Роберт.

„Тоа беше мојот најголем предизвик, тоа што не можев да бидам таму“, изјави 59-годишната Хопкинс за Вол Стрит Журнал. „Татко ми зависеше од мене“.

„Жал ми е што не можам да те бакнам“

„Се мачам да го кажам зборот „неправедно“, но тоа е ситуацијата, така се чувствувам“, рече 36-годишниот Дејвид „Мајкл“ Дадли Jуниор. Тој мораше да се збогува со својот 61-годишен татко на 31 март преку апликацијата за видео конференција „Зум“. „Не само што ми кажаа дека татко ми нема да се опорави, туку тие ми рекоа дека не можам да бидам со него. Се збогувавме на најлошиот начин“.

Прошталниот повик со Дадли Сениор, возач на автобус кој се наоѓаше на респиратор во болницата во Балтимор, беше незгоден. На Дадли Џуниот друштво му правеле роднини, доктори и медицински сестри кои биле во собата со неговиот татко. „Не знаев дали тој ме чул воопшто. Сакав толку многу да му кажам, но најмногу од сè дека го сакам“, рече Дадли. „На самиот крај на повикот, потсинав едно „Те сакам“.

Кеико Ноуц од Луисвил, Кентаки скоро никогаш не бил сам пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Нејзиното огромно семејство, составено од осум нејзини деца и 28 внуци, се погрижи да е така. Кога таа имаше мозочен удар пред пет години, различен член на семејството ќе ја посетуваше секој ден. Повеќето од нејзините деца и внуци се оддалечени 15 минути со автомобил од нејзиниот дом.

На 25 март, Нојц заврши „на кислород“, бидејќи таа почна да дише потешко. Дијагноза – КОВИД-19. Во петокот, два дена откако беше хоспитализирана, семејството мораше да одлучи дали ќе ја стави на респиратор. Нојц одамна рекла дека не сака. Нејзиното семејство мораше да биде сигурно.

Шест нејзини деца пристигнале во болницата и се собрале на слабо осветлениот паркинг. Тие беа оддалечени околу два метра. Социјално растојание. Болницата дозволи на еден член на семејството, ќерката 62-годишната ќерка на Нојц -Кети Милс, да влезе во просторијата со нејзината мајка за да види дали сака да се закачи на респиратор. Се разбира, не без заштитно одело.

Кети ја најде мајка си во лоша состојба, но Кеико сепак беше будна. Со маска N95 на лицето, друга маска над неа, очила и два пара нараквици на рацете, Кети ја зеде раката на мајка си. „Жал ми е што не можам да те бакнам“, рече таа низ солзи. Потоа ја прашала нејзината мајка дали сака да оди во рајот. Кеико потврдила. Потоа таа покажала на болничката опрема. „Ова е премногу“, рече таа.

Кети излегла од болницата и се вратила на паркингот. Една од медицинските сестри им се јавила и рекла дека може да се збогуваат со својата мајка преку апликацијата за видео повик на FaceTime. Другата ќерка на Нојц, Деби Тејлор, тоа особено ја погодило. „Не можевме да се прегрнеме. Неприродно беше. Во нормална ситуација, ќе плачевме на рамениците и ќе си дадевме утеха“, додаде таа.

Нојц, сепак, издржа до викендот.

Нејзината 29-годишна внука, Лејси Тејлор, донесе лаптоп во болницата со апликацијата Houseparty. Медицинската сестра го внесе во собата на Нојц и го сврте кон Кеико. Семејството потоа пееше заедно и разговараше со нивната мајка и баба. Секогаш кога нејзините внуци се појавувале на екранот, Кеико ќе испружела рака до екранот. Нојц почина во 19:45 часот во понеделникот. Благодарение на лаптопот, нејзиното семејство барем делумно беше со неа. Медицинските сестри Одри Вотерс и Џулија Хант ја држеле за раце Нојц додека таа умираше. Вотерс остана по смената за да биде со Нојц.

Таа и Хант му ветиле на семејството дека Кеико нема да биде сама.

„Се чувствував благословено што можев да бидам таму“, рече Хант. „Но, тоа апсолутно ми го скрши срцето“.

Последен благослов преку таблет

Видео повиците како горенаведените три станаа неопходни за пациенти кои страдаат од КОВИД-19 и нивните семејства. Толку се потребни, што болницата Littleton Adventist во американската сојузна држава Колорадо сака да стави по еден iPad во секоја болничка соба. Основана во март оваа година, непрофитната организација Covid Tech Connect сака да постави 10,000 таблети во болници и домови за стари лица и немоќни. Досега обезбедија 2.500 таблети и собраа 125.000 американски долари.

Сара Родел, една од основачите на Covid Tech Connect, изјави дека стапила во акција кога видела текстуална порака од нејзината пријателка, медицинска сестра, на 27 март, која сакала да набави таблети за да може пациентите со „КОВИД-19“ да се збогуваат со своите најблиски . „Тоанавистинамепогоди“, рече Родел.

„Некои заразени од „КОВИД-19“ делуваат како да не се свесни дека се во изолација, додека други знаат“, рече свештеникот Мајкл Мерсиер, директор за духовна нега во Здравствениот систем „Лајфспан“, управител на неколку болници во американската држава Род Ајленд. „Никогаш не сум видел толку многу пациенти во солзи додека се молев со нив“, рече Мерсеер. „Тие се чувствуваат отсечени од нивните семејства“.

Свештениците сега се молат за пациентите во ходниците надвор од просториите за да не се заразат со коронавирусот. Рабинот Џејсон Киршнер од болницата „Монт Синај“ во Њујорк, неодамна беше замолен да спроведе „исповед на гревовите“. Рабин или член на семејството го прави тоа, кога некое лице не може да го стори тоа само. Киршнер и другите волонтери добро се измачиле додека не пронашле доктор од еврејска вера, кој може да му даде на пациентот помазание. „Тоа не е нешто што обично го прават лекарите, но ова се тешки времиња“.

Тим Фанк се најде во слична ситуација на 2 април. Кога стана јасно дека неговата 89-годишна мајка, која се бореше против „КОВИД-19“ во болницата во Кентаки, ќе го загуби животот, Фанк и другите членови на семејството се прашуваа дали може да најде свештеник кој може да и даде на мајката на Фанк последен благослов.

Медицинските сестри рекоа дека правилникот на болницата вели дека нема посети. Но, ако семејството на свештеникот се најде веднаш, тие ќе закажат видео повик со тоа штонекој со iPad ќе влезе во собата на мајката на 89-годишниот Фанк.

Фанк во тоа време беше во Шарлот, Северна Каролина и беше далеку 800 километри од својата мајка. Часот беше 21:45 часот. Овој поранешен религиозен новинар го земал својот мобилен телефон и го повикал пензионираниот свештеник Френк О’Рурк од црквата Свети Габриел во Шарлот. За десет минути, медицинската сестра го повикала О’Рурк од собата на г-ѓа Фанк. Свештеникот тогаш се молел додека медицинските сестри во заштитна облека се грижеле за 89-годишната.

Една од сестрите на Фанк му рекла дека неговата мајка починала 10 минути откако го примила благословот. „Не знам дали сестра та само се обидуваше да ме развесели, но решивме да и веруваме“, рече Фанк.

„Благодарам за сè“

Ден пред мајката на Тим Фанк го добие последниот благослов преку iPad и истиот ден кога Ненси Хопкинс се збогуваше со нејзиниот татко на мобилниот телефон, 42-годишниот Ник Рамос доби порака дека медицинска сестра од болницата каде што се наоѓа, се обидува да организира видео повик со него и остатокот од неговото семејство.

Неговиот 73-годишен татко, Џо Рамос, беше пред крајот на силите. Дијагноза – КОВИД-19.

Прво со Џо се збогуваа браќата и сестрите на Ник, кои живеат на час возење од болницата. Тие не го посетија од страв од зараза.

Кога беше редот на Ник, очите на Џо полека почнуваа да се затвораат. Ник ги слушнал машините што го одржувале неговиот татко жив. Ник започнал да разговара за сè и сешто, ништо конкретно. Наскоро му секнале теми. Кога настапила тишината, медицинската сестра го зеле мобилниот телефон и го свртела кон себе.

Ник ја виде нејзината заштитна облека. Таа беше покриено од глава до пети. Носеше маска над очите и заштитна кацига на главата.

„Тогаш реалноста ме удри“, рече Ник, брзајќи да се збогува со неговиот татко. Зборовите што ги немаше излегоа од него како порој. „Моето срце експлодираше и му се заблагодарив за сè и сè што ми падна на памет“.

Слични содржини