Министерот за здравство Венко Филипче вчера, најави дека се размислува за велигденските празници ќе има целосна рестрикција за движење.
За претстојниот Велигден се размислува движењето во празничниот викенд да биде ограничено дополнително со уште еден ден, најверојатно понеделникот, односно забраната да важи од петок попладне до вторник наутро. Тој рече дека овој предлог ќе се разгледува денеска на седница на Владата.
По повод оваа забрна на интернет се појави петиција до МПЦ во кој се бара на велигденската богослужба непречено и достојно да се овозможи присуство на верниот народ, а за да се запазат мерките за вонредната состојба со коронавиурсот присутните да бидат на потребна раздалеченост, богослужбите да се одржуваат во дворовите на црквите и манастирите.
-Ако е дозволено во овие вонредни услови да има организираност во маркети, банки, шалтери, каде што се запазуваат Владините мерки, ВЕ ПРАШУВАМЕ – зарем МПЦ нема да се потруди да создаде услови на ден Великден, заедно со верниот народ, да го прослави она за што постои, и во овие времени рамки на постоење да го побара своето право како одговорност пред Оној на кого го должи своето постоење? Зарем МПЦ нема достојно да го прослави Христос Распнатиот и Воскреснатиот? Зар се плашиме од смртта, одбивајќи да ја прославиме Христовата победа над смртта? Зарем ќе останеме оддалечени од Бога, Телото и Крвта Христова, кој што дава исцеление, здравје и живот, особено потребни во овие времени премрежја?, пишува во петицијата.