Лукашенко со нова порака: Не подлегнувајте на „психозата на коронавирусот“, лекарите да не ги забораваат и пациентите со други болести

од Nikola Popovski
203 прегледи

Белорусија е една од ретките земји во Европа каде сеуште не е воведен режим на самоизолација.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги повика граѓаните на болниците во земјата да не се предаваат во контекст на „психозата на коронавирусот“ и да се борат за нивните животи, било да се заразени со коронавирус или да страдаат од нешто друго.

„Би сакал да им се заблагодарам на лекарите кои деноноќно лекуваат во болниците во овој тежок период и да им се обратам на лицата кои се хоспитализирани, а немаат само заболувања на белите дробови. Им се обраќам на сите, затоа што неодамна добив информација дека токму таа психоза, особено коронавирусот, ги натера луѓето да се предадат и да престанат да се борат за своите животи во болниците“, рече Лукашенко.

Тој, исто така, го привлече вниманието на луѓето кои страдаат од разни болести.

„Секако, денес ме интересира како се развива или веќе се намалува психозата предизвикана од коронавирусот кај нас, а уште повеќе ме интересира состојбата со други болести. Би сакал уште еднаш да истакнам дека можеме многу сериозно да ги повредиме луѓето кои во моментот се наоѓаат во болница и кои страдаат од други болести: кардиоваскуларни, онколошки, астма, дијабетес, генерално пневмонија, како што е секогаш случај во овој период. Поради ова, ме интересираат голем број прашања. Особено го потсетувам Министерството за здравство дека не смееме да ги заборавиме овие луѓе – истакна претседателот.

Белорусија е една од ретките земји во Европа каде сеуште не е воведен режим на самоизолација.

Според најновите податоци, во Белорусија 2.578 лица се разболеле од Ковид-19, а 26 починале.