Студијата спроведена врз муслиманските жени во западните земји откриваат дека коронавирусот ја вратил почитта кон жените кои носат превез низ нивните лица во тие земји.
Ана Пиела, истражувачка од Универзитет „Northwestern“ во Илиноис, САД, спроведе студија врз 38 жени кои носат никаб (превез врз лицето), претежно британски и американски државјанки. Неодамна, дел од резултатите добиени во своето истражување ги објави американскиот портал „The Conversation“, пренесува агенцијата Анадолија.
Студијата ја цитира изјавата на Британката под псевдонимот Афра, која вели дека постои „забележителна разлика“ во третманот на жени со никаб на улиците на Велика Британија по избувнувањето на пандемијата.
„Тие веќе не ме гледаат остро, поради никабот и ракавиците. Секој го разбира сето тоа одеднаш“, додаде таа.
Џамела, муслиманка од Франција, исто така, истакна дека сегашната состојба во светот ја заштитила од какви било „злобни коментари“.
Таа го привлече вниманието на фактот дека многу дизајнерски куќи дури и се обидуваат да дизајнираат елегантни верзии на маската за лице додека ги исполнуваат тековните здравствени околности.
Коронавирусот ги менува законите
Францускиот закон не дозволува носење никаб во јавноста, но по пандемијата на коронавирусот, била воведена забрана за движење без заштитни маски на сите лица, дури и марами или памучни ткаенини.
Истражувачката Пиела користела псевдоними за да ги заштити идентитетите на жените во своето истражување, според порталот „The Conversation“.
Во овој контекст, студијата открила дека муслиманските жени кои носат исламска облека (никаб или шамија), во земји каде што не живее мнозинство муслиманско население, честопати се мета на напади.
Исто така, било посочено дека, според американската студија од 2017 година спроведена на 40 муслимани, 85 проценти биле изложени на вербално насилство, а 25 проценти на физичко насилство.
Во неделата попладне, бројот на заболени од коронавирусот во светот надмина еден милион и 796 илјади луѓе, од кои повеќе од 110 илјади починаале, а повеќе од 412 илјади се опоравиле, се вели во веб-страницата на „Worldmeters“.