Италија: Десетти последователен дневен пад во бројот на новозаразени

од Nikola Popovski
212 прегледи

Бројот на починати од „Ковид-19“ во Италија во понеделникот се зголемил за 566 и изнесува повеќе од 20.000 од почетокот на болеста, но бројот на новозаразени се намалил од недела од 4092 на 3153.

Во последните 24 часа во Италија починале 566 луѓе, а 431 претходниот ден. Бројот на новозаразени е најмал од 7 април.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на ширењето на новата инфекција со коронавирус на 21 февруари достигна 20.465, соопшти Италијанската цивилна заштита, со што се втори во светот зад САД.

Бројот на официјално потврдени случаи на инфекција се зголемил на 159.516 и е трет во светот зад САД и Шпанија.

Во единиците за интензивна нега има 3260 пациенти, а 3343 имало во недела, што е десетти последователен дневен пад.

Денес имало 35.453 излекувани, а 34.211 во неделата.