Погрешните одлуки во низа биле причината за ширење на зараза низ целата провинција Бергамо, а за ова сведочи 55-годишниот Франческо Замбонели од местото Вила ди Серио, чиј живот за момент се претворил во кошмар.
Во болницата “Пезенти-Фенароли” во местото Алзано Ломбардо, на одделението за интерна медицина на третиот кат се лекувала неговата мајка. Дијагноза – срцева декомпензација. На одделението била сместена на 12 февруари. Во следните неколку дена развила висока телесна температура, а потоа и респираторни проблеми. Вечерта помеѓу 21 и 22 февруари, ситуацијата се влошила. Тој во болница и за првпат се нашол помеѓу лекари и болничари со маска на лицето.
Мајка му Анџолина починала два часа по полноќ, на 84-годишна возраст.
Подоцна тој дознава дека двајца пациенти биле позитивни на коронавирус. По посетата во 13 часот тој ден веќе било затворено едно одделение, токму она на кое била сместена мојата мајка. Помеѓу позитивните се наоѓал и Ернесто Равели, првиот починат жител на Бергамо со официјална дијагноза – коронавирус. Болницата повторно се отвора подоцна вечерта без било какви интервенции и санитарно чистење.
Утредента, во понеделникот, продолжуваат болничките активности како земање крв, интервенции во операционите сали, посета на амбулантите, никој не им кажал дека треба да останат во самоизолација и не биле ни тестирани.
Погребот го одржале во местото Вила ди Серио, а неговиот татко останал дома поради висока телесна температура.
„Мојот татко Џанфранко (85 години) уште од 20 февруари имаше температура, излегуваше само кога ја посетуваше мајка ми во болница. Таму и се заразил. Неколку дена имаше симптоми слични на грип. Почина на 13 март во болница во Бергамо. Во дијагнозата стои: починал од коронавирус.
Во што се претворивме ние кои бевме на погребот? Главно средство за пренос на епидемија. Бомба за зараза. Во моето семејство не остана поштедена ниту мојата стрина – третата жртва.
Моето страдање не стивнува. Во вечерната смена видов медицински сестри со маски на лицето. Значи дека во болницата знаеле за заразата – и молчеле”, изјавил Замбонели.
Обвинителството во Бергамо започнала истрага за случајот. Италијанските медиуми пишуваат дека ова не е единствен случај, но дека има и многу такви во другите болници. Како што пишуваат, случаи на пневмонија слични на Ковид-19 се појавиле кон средината на јануари. Некои од заболените чекале до средината на февруари во болниците да се тестираат за коронавирус и по една недела, при што епидемиолозите тврдат дека „црвените зони“ за изолација на некои места никогаш не биле правилно воведени.