Нема докази дека вакцината Бе-Се-Же ги штити луѓето од инфекција со коронавирус, се вели во соопштението на Светската здравствена организација (СЗО).
Во тек се две клинички испитувања за да се реши овој проблем и СЗО ќе ги оцени доказите кога ќе станат достапни.

Во отсуство на докази, СЗО не препорачува вакцинација со Бе-Се-Же во смисла на превенција од КОВИД-19.
Светската здравствена организација продолжува да препорачува неонатална вакцинација против Бе-Се-Же во земји или средини со голема зачестеност на туберкулоза, се вели во соопштението.
Постојат експериментални докази од студии на животни и луѓе дека вакцината Бе-Се-Же има неспецифични ефекти врз имунолошкиот систем.
Овие ефекти не се добро карактеризирани и нивната клиничка релевантност е непозната, наведуваат од СЗО во изјавата објавена на својата веб-страница.