Хрватски микробиолог: Повеќето нема да знаат дека имаат коронавирус, тешките и смртните случаи се само врв на ледениот брег

од Nikola Popovski
254 прегледи

Според податоците објавени во списанието „New England Journal of Medicine“, хрватскиот микробиолог Гордан Лауц тврди дека поголемиот дел од населението нема ни да знае дека има коронавирус.

Цитирајќи ги податоците објавени вчера дека, од 211 бремени жени примени во болницата во Њујорк поради породување помеѓу 22 март и 4 април, 33 или повеќе од 15 проценти, биле позитивни за коронавирусот.Лауц вели дека е можно 40 проценти од населението е заразено во тој американски град, но повеќето воопшто немаат никакви симптоми.

Како што пренесува порталот „Index.hr“, оценувајќи ја како многу интересна информација која е оптимистичка, тој наведува дека, иако анализата за бремени жени не може целосно да се преслика и генерализира, тој смета дека две работи можат самоуверено да се наведат врз основа на овие информации:

Првата е дека вирусот се шири многу побрзо отколку што беа предвидени првите проценки.

„Има многу заразени луѓе, а повеќето од нив (можеби 80 проценти) немаат никакви симптоми и потполно незабележани се наоѓаат меѓу популацијата“, рече тој.

Второ, Лауц изјавува дека тешките смртни случаи се само врв на ледениот брег од заразени и заклучува дека сите може да го шират вирусот.

„Многу е тешко да се заштитиме од него и веројатно сите ќе стапиме во контакт со вирусот пред развој на вакцините или „волшебниот лек“, но, посочува тој, дека повеќето луѓе, дури и оние стари и болни, нема да развијат сериозни симптоми.

„Значи, нема причина да се паничиме и да се плашиме премногу. Сепак, овој вирус и понатаму е опасен и некои луѓе ќе развијат сериозни симптоми или дури и ќе умрат од него. Затоа сите треба да дејствуваме крајно одговорно и да се обидеме да не го шириме вирусот: избегнувајте контакт со други луѓе, покријте го носот и устата со маска, шал или слично кога сте во затворен простор или во близина на други луѓе и мијте ги рацете со топла вода и сапун што е можно почесто“, вели Лауц, а пренесува хрватскиот портал.