Вучиќ: Да апсиме владики и свештенство не ми паѓа на памет

од Vladimir Zorba
297 прегледи

„Зборував со Патријархот, имавме поинаков договор. Што и да кажам, ќе бидам распнат од дел од јавноста. Ќе се обидам да разговарам со Патријархот утре, но немам никакви сомнежи, ќе ги поддржам лекарите и животот. Да апсиме владики и свештенство – не ми паѓа на памет“, изјави вечерва во Дневникот на РТС претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Српската влада попладнево одлучи дека полицискиот час ќе трае оваа недела од петок од 17 часот до вторник во 5 часот наутро, што е дополнително заострување, а сега наместо 60, трае 84 часа.

Изминативе денови имаше многу шпекулации за тоа како ќе изгледа Велигденската прослава во Србија.

И додека Српската православна црква, поточно нејзиниот Синод, ја повика Владата да ги олабави забраните за граѓаните со цел да им овозможи на православните верници да учествуваат во велигденските литургии и заедници, експертите сметаа дека ублажувањето на ограничувачките мерки во шестата недела од епидемијата ќе биде погрешен потег.