Францускиот претседател Емануел Макрон вербално се пресмета со медицинска сестра само неколку дена пред да признае дека државата не била подготвена за епидемијата на коронавирусот.
Расправијата помеѓу Макрон и медицинската сестра е забележана за време на посетата на претседателот на болница во Париз на 9-ти април.

После ова видео, кое го објави синдикатот на медицински работници, Макрон беше прикажан на друго видео како им аплаудира на медицинските работници во установата. На снимката Макрон им вели: „Не надоместивме 15 години намалување на тарифи во болниците, во право сте, но не ја преземам одговорноста за се што не било направено претходно.
Медицинската сестра одговори: „Ние сме сиромашни и утре можеме да завршиме во креветите. Но, кога проблемот ќе ни се врати, би сакале да можеме да помогнеме. Но, со недостаток на ресурси и персонал, не можеме“.
Макрон му рече на насобраниот персонал дека „колективно ќе ја научи лекцијата“ по крајот на епидемијата на коронавирус.
https://www.youtube.com/watch?v=A_9YpKEoqMc&feature=emb_title