Откриен факторот на ризик број 1 за луѓето над 65 години заради кој симптомите на корона се компликуваат

од Aleksandar Petrovski
88 прегледи

Студија од универзитетот Њујорк тврди дека дебелината е ризик број еден од компликации и хоспитализација поради коронавирус кај луѓе над 65 години, пренесува Дејли Мејл.

Населението над 65 години се карактеризира како ризична група за заболување од коронавирус.

Постарите и дебели луѓе веројатно ќе бидат хоспитализирани заради компликации предизвикани од вирусот корона, па дури и поверојатно од пациентите со карцином или оние со проблеми со белите дробови, предупредуваат научниците.

Универзитетот во Њујорк нављудувал над 8000 пациенти и открил дека луѓето над 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се изложени на најголем ризик од смрт.

Научниците откриле дека дури 46 отсто од сите пациенти хоспитализирани со коронавирус биле над 65 години.

Научниците истакнаа дека возраста е дефинитивно најголемиот фактор на ризик за хоспитализација, а здравствената состојба најчесто се поврзува со сериозноста на болеста е дебелината.

Посебна студија покажала дека пациентите на возраст под 60 години двојно поверојатно е да имаат потреба од болничка нега или вештачка вентилација ако биле дебели.