Легендарниот Гаскоњ го малтетирал Гатузо во Ренџерс: Во чорапите му ставал измет

од Aleksandar Petrovski
137 прегледи

Поранешниот италијански репрезентативец, 42-годишниот Џенаро Гатузо, во моментов е тренер на Наполи. За време на неговата играчка кариера, легендата на Милан настапуваше и во неколку други клубови. Перуџа беше неговата отскочна даска од која отиде во Ренџерс во 1997 година.

Иако остана само една година во Глазгов, многу научил во Шкотска. Тој неодамна откри многу интересни детаљи од тој период на неговата фудбалска кариера.

– Го сакам британскиот фудбал затоа што се трча 90 минути и се бори како човек. Живеев во жестокиот и заебан Глазгов, играјќи фудбал, сфатив дека јас всушност сум Шкотланѓанец роден во Калабрија – рече Џенаро Гатузо.

Тој пристигнал во Ренџерс на 19-годишна возраст и имал бурен пречек. Добро го запаметил тој ден што се случило во соблекувалната.

– После првиот тренинг во новиот клуб излегов од под тушот и почувствував ужасен мирис, целата соблекувална мирисаше на измет. Кога стигнав до моето шкафче, видов дека чорапите ми се полни со гомна. Почна смеење во соблекувалната, а Пол Гаскоњ го направи тоа, открива Гатузо.

Газа првично бил преведувач на Италијанецот, бидејќи Џенаро не зборувал англиски. Имено, Гаскоњ научил италијански кога играл за Лацио, па на Гатузо се обидел да му ги пренесе идеите на тренерот Волтер Смит.

Се разбира, англиската легенда и во тоа наоѓал забава, затоа што тој понекогаш на младиот Италијанец погрешно му преведувал.

Но, Гаскоњ знаел да ја покаже и својата подобра страна.

– Како тинејџер и недокажан играч, имав најниска плата во Ренџерс и не можев да си дозволам фина облека за службените настани. Затоа еден ден дојде кај мене Газа и ми рече дека ме носи во најдобриот кројачки салон во Глазгов, кој е партнер на Ренџерс, да ми сошијат таму клупско одело по мерка – се присетува Гатузо и продолжи:

– Бидејќи клубот плаќаше, Избрав неколку и конечната сметка беше огромна, 10.000 фунти. Гаскоњ почна да се смее и ми рече дека клубот нема никаков договор со ова одлично место. Но, тој веднаш посегна по џеб и плати за сите мои скапи нови костуми.