Коронавирус низ светот: Му давал бесплатен коњак на населението и тврдел дека е лек против опасната болест

од Nikola Popovski
119 прегледи

Гувернерот на Најроби Мајк Мбуви Сонко на сиромашното население во главниот град на Кенија дели коњак, тврдејќи дека штити од новиот коронавирус.

POZNAN, POL – MAY 3, 2018: Bottle of Hennessy, a brand of famous cognac from Cognac, France

Гувернерот, кој минатата година беше уапсен за корупција, оваа недела на социјалните мрежи објави фотографија од шишиња коњак „хенеси“, кои се нашле меѓу пакетите со основни намирници.

Повикувајќи се на наводни резултати од истражување на Светската здравствена организација и други здравствени институции, Сонко во видео-снимка вели дека алкохолот „игра многу важна улога“ во справувањето со коронавирусот или кој било друг вирус.

Сепак, компанијата што го произведува овој коњак соопшти дека тоа тврдење не е точно и дека конзумирањето на тој бренд алкохолни пијалоци, како и другите, не штити од Ковид -19.

Портпаролот на кениската влада Сајрус Огуна изјави дека тезата дека алкохолот штити од заразата нема научна основа и ги повика политичарите да не ја користат пандемијата за предизборен публицитет.