Продолжува реализација на мерките и политиките на Владата што имаат за цел полесно и побрзо надминување на финансиската криза предизвикана од коронавирусот, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека Владата донесе и Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба.
-Со оваа Уредба се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.Истовремено, донесена е и Уредба која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.
Оваа помош ќе им помигне на компаниите полесно да ја пребродат кризата, а нејзината реализација ќе се одвива по строго дефинирани критериуми кои важат за сите.Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата на глобално ниво. Затоа преземаме навремени и одговорни решенија за помош и поддршка на домашната економија.Продолжуваме да работиме одговорно, посветено за заштита на секое работно место, затоа што за нас секој е важен, посочуваат од партијата.