Уште петмина починаа во Србија, над 300 новозаразени

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Од Кризниот штаб во Србија денес објавија дека уште пет лица починале од коронавирус.

Според последните информации, во Србија, коронавирусот е потврден кај уште 324 лица, со што вкупниот број заразени е 6.318.

Во последните 24 часа беа тестирани уште 2.673 лица, од кои 324 го потврдија присуството на вирусот. Досега се тестирани 36.701 лица во Србија.

Во моментов има 120 лица на респиратори, а 753 лица се излечени до денес.

Србија е во најдолгиот полициски час досега, што започна во 17 часот во петокот и трае до 5 часот во вторник.