Како Ибра ги воспитувал соиграчите во МЛС: Имам 300 милиони, но можам да убијам некого

од Vladimir Zorba
184 прегледи

МЛС ќе продолжи да биде плодна почва за голем број фудбалски sвезди во залезот на нивните кариери, но малку е веројатно дека некој ќе има такво влијание врз најпопуларниот спорт зад Океанот од Златан Ибрахимовиќ. Како член на Лос Анџелес, еден од најдобрите напаѓачи во светот во овој век ги поместистандардите.

Тој беше клупска икона и симбол на лигата. Тој си го наплати несомнено своето знаење, но во лига како американската тој секогаш сакаше да победува. Ова е потврдено со зборовите на португалскиот репрезентативец Жоао Педро, кој ја делеше соблекувалната со Златан.

Ибра не сака да губи, и тој многу жестоко го критикувал остатокот од тимот по нивниот пораз од Хјустон во 2018 година.

„Тој ни одржа говор на крајот на мечот. Ни рече дека има 300 милиони во банка, остров и други недвижнини. Сепак, додаде уште една работа: „Ако сте дошле за плажа или да прошетате во Холивуд, едноставно кажете така. Првиот што ќе ми рече нешто, ќе го убијам“, раскажа Педро.