Лекар кој ги лечел луѓето во Вухан оседел заради корона: Ќерка му не го препознала кога се вратил

од Aleksandar Petrovski
148 прегледи

Тригодишно девојче не го препознало својот татко – лекар, кој се вратил од кинескиот Вухан по двомесечна битка за животот на пациентите, објави изданието на Ејжа Ван.

Весникот наведува дека 39-годишниот лекар се вратил дома откако во февруари заминал во Вухан за да лекува пациенти со коронавирус.

Во само два месеци отсуство, на лекарот целосно му оседела косата. Тој објаснил дека тоа се должи на стресот што го доживеал додека се грижел за пациентите.

Кога се вратил дома, неговата ќерка не го препознала и го прашала: „Кој си ти?“

Било потребно некое време за девојчето да сфати дека мажот кој и се чинел непознат е нејзиниот татко.