Се побунија епидемиолозите по реакцијата на Ѓоковиќ на тема вакцинирање: Мајсторе, немој да бидеш така директен, имаш големо влијание!

од Aleksandar Petrovski
187 прегледи

Изјавите на Новак Ѓоковиќ дека тој генерално е против вакцинирање, па и во последниот случај против коронавирус, не им се допаднаа на сите подеднакво на социјалните мрежи, па ниту на епидемиолозите …

„Јас лично се спротивставувам на вакцинацијата и не би сакал некој да ме присили на вакцина за да можам да патувам. Но, ако тоа стане задолжително, што ќе се случи? Јас ќе треба да донесам одлука. Имам сопствени размислувања за тоа и дали тие мислења во некој момент ќе ги променам, не знам. “, порача првиот светски тенисер.

Епидемиологот Предраг Кон е првиот во низата експерти што реагираше на изјавата на тенисерот …


„Како еден од неговите најверни навивачи, би сакал да имав можност да му ја приближам важноста и огромниот придонес на имунизацијата за здравјето на населението. Сега е доцна, бидејќи тој веќе има погрешни погледи и тука нема веќе помош. Мајсторе, ти посакувам се најдобро”, напиша Кон и додаде:

„Обиди се да избегнеш директни одговори на прашањата за вакцинација во иднина, затоа што имаш огромно влијание“.

По него, му одговориле низа незадоволни епидемиолози. Вакцинацијата или не, во последниве години, па дури и децении, беше вообичаена глобална тема …

Ѓоковиќ учествуваше на преносот во живо на Фејсбук, каде покрај него, за целата ситуација се дадоа и Марко Пантелиќ, кој се опорави од вирусот, Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ, Ненад Зимоњиќ, Филип Крајиновиќ, Александар Атанасијевиќ и Душан Борковиќ.

„Постои одредена цензура на медицинските работници кои зборуваат за решенија што не се поклопуваат со оние кои ни ги дава официјалната медициа. Посакувам да има повеќе дебати и различни мислења. Ние не сме од таа професија и не можеме да зборуваме за тоа. Јас би сакал повеќе да се говори за имунитетот – рече Ѓоковиќ, потенцирајќи ја важноста за создавање имунитет:

„Мислам дека луѓето се исплашени и збунети и не гледам да се збори за тоа како некој може да се зајакне, да го зајакне имунитетот. Имунитетот е тука со помош на кој се бориме со другите инфекции“, рече Ѓоковиќ.