Нулта пациентот со КОВИД-19 во Италија, Матија Маестри (38) за италијанската „Република“ ја раскажа неговата борба со вирусот.
„Овие два месеци беа пострашни од што можев да замислам. Одеднаш се разболев, дојдов на чекор од смртта, а потоа се кренав од мртвите“, рече Матија.

Тој добил треска на 17 февруари и веднаш отишол во брзата помош, каде му била дијагностицирана пневмонија, му дале антибиотици и го испратиле дома. По само два дена, неговата состојба се влошила толку многу што бил задржан во болница. Белите дробови му биле веќе во сериозна опасност.
Сè уште не му било јасно на никој што му е, се додека една анестетичарка не помислила да го тестира на КОВИД-19, иако во тоа време немало ниеден случај во Европа.
Го заспале во Кодоња, а потоа бил пренесен во болницата во Павија, каде се разбудил дури по 20 дена.
„Во кома го сонував предворјето на смртта, сега го гледам сонцето“, го опиша пациентот своето пеколно искуство.
Во меѓувреме, било откриено дека неговата бремена сопруга и родителите биле позитивни на вирусот. Татко му починал, неговата сопруга и мајка оздравиле и денес тој е татко на здраво девојче.
Она што ќе остане мистерија засекогаш: Кој му го пренел вирусот за да може да ги зарази другите?