Детали од крвавиот масакр во Канада: Напаѓачот тропал на вратите на своите жртви, а потоа пукал во нив (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
226 прегледи

Крваво злосторство се случи во тивката, рурална провинција Нова Шкотска, на истокот на Канада, во близина на брегот на Атлантикот минатиот викенд. Убиени се 23 луѓе, а вооружениот напаѓач, стоматолошкиот техничар Габриел Вортман (51) беше убиен по неколку часови полициска акција.

Драмата започнала минатата сабота, во доцните часови по локално време.

Се стравува дека има повеќе жртви бидејќи Вортман убивал најмалку 12 часа по регионот. Маскиран во полицаец подметнал пожари и убивал луѓе, а една од неговите жртви е офицерката Хајди Стивенсон, мајка на две деца, пренесува Блик.

Вортман се движел наоколу во автомобил на полиција и убивал луѓе на повеќе местаа во градот Портапик. Исплашените луѓе се криеле во подрумите во текот на ноќта, а властите ги повикаа луѓето од соседството да останат дома и да ги заклучат вратите.

Весникот Торонто Сан објави дека околу 23,30 часот, Вортман им звонел на луѓето на врата, кои, гледајќи го дека е службено лице, не се двоумеле да му отворат. Потоа пукал во нив, а потоа предизвикал пожари во куќите.

Една од куќите што била запалена е и неговата. Торонто Сан објави дека првите две жртви се поранешната сопруга и нејзиниот нов партнер. По масакрот во Портапик, убиецот побегнал во полициско возило. Дури по 12 часа, полицијата го стигнала на бензинската пумпа во Ирвинг.

„Две деца останаа без мајка“

„Денес е фатален ден за Нова Шкотска и тоа ќе го паметиме уште многу години“, изјавила Ли Бергерман, командант на Кралската канадска коњска полиција (РЦМП) на Нова Шкотска, доцна во неделата попладне. Меѓу жртвите е и нивна припадничка, која во РЦМП работела веќе 23 години.

Бергман изјави дека таа го видела семејството на Хајди Стивенсон во неделата попладне и нема зборови за да ја опише нивната болка.

„Две деца ја загубија мајка си а мажот сопругата“, рече Бергман.

„Монструм ја уби мајка ми“

Канадскиот информативен сајт „The Globe and Mail“ објави дека меѓу жртвите е и наставничката Лиза МекКали и брачната двојка Џејми и Грег Блер. Медицинската сестра Хедер О’Брајан исто така била убиена, а нејзината ќерка Дарси Добсон напишала на Фејсбук: „Монструм ја уби мајка ми денес“.

Мајката ја испратила последната порака до семејната група во 9.59 часот а веќе била мртва во 10.15 часот.

„Бесмислен чин на насилство“

Премиерот на Нова Шкотска, Стивен Мекнил, изрази сочувство до семејствата на жртвите и го опиша нападот како едно од најбесмислените чинови на насилство во историјата на провинцијата.

„Кога заминав на спиење минатата ноќ, никогаш не ми падна на памет дека ќе се разбудам со толку ужасни вести“, рече Мекнил во Халифакс, додавајќи:

„Нема зборови за утеха за семејствата кои се погодени од она што се случи во последните 24 часа“, рече тој.