Филипче: Предлагаме пакет на мерки, скратување на полицискиот час оди заедно со мерката за носење на маска

од Берта Китинска
237 прегледи

Сите предлози стигнуваат од Министерството за здравство како форма на препорака од Комисијата за заразни болести кои што целиот овој период што измина ги темели сите свои предлози, сугестии и препораки врз база на анализите кои се прават на бројот на новодијагностицирани пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“.

-Не станува збор за зголемување или намалување на часовите, туку предлагаме пакет на мерки. Постарите се одвоени од помладите и тоа е една мерка. Скратување на полицискиот час оди заедно со мерката за носење на маска, односно заштитна покривка на устата и носот, изајви Филипче.

Слични содржини