Прво го прегазил полицаецот, а потоа го прободел со ножици (Вознемирувачко видео)

од Aleksandar Petrovski
155 прегледи

Израелските безбедносни сили убиле палестински државјанин, кој со ножици прободел полицаец на контролниот пункт во близина на Ерусалим, соопшти денеска израелската полиција.

Терористот се возел до границата, а потоа со ножици го прободел полицаецот. Присутните полицајци одговориле на нападот пукајќи и убивајќи го напаѓачот – изјавил полицискиот портпарол Мики Розенфелд, додавајќи дека повредениот службеник немал тешка повреда.

Нападот се случил недалеку од еврејската населба Мале Адумим на Западниот брег, а полицијата соопшти дека на местото на настанот е пронајдена и експлозивна направа.