Драма во Кент: Маж излегол на тераса и почнал да пука, полицијата го совладала (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
150 прегледи

Полицијата во кент привела маж на возраст од околу 30 години откако излегол на тераса и почнал да пука.
Пукањето се случило околу 8.35 часот недалеку од еден трговски центар а граѓаните се предупредени да не излегуваат на улица.

Граѓаните на социјалните мрежи јавија дека напаѓачот има пиштол и автоматска пушка и дека пука во правец на полицијата.

Наводно на пукањето претходело „live stream“ на напаѓачот на социјалните мрежи во кој тој се фалел со арсеналот на оружје во својот стан, по што излегол на тераса и почнал да пука викајќи: „Викнете полиција“.