Италијански виролог: Благодарение на карантинот, коронавирусот сам ќе се угаси

од Aleksandar Petrovski
106 прегледи

Ковид-19, како и другите коронавируси што ги знаеме од минатото, ќе се угаси малку по малку сам од себе, односно благодарение на карантинот (заклучување) во неможноста да зарази луѓе затворени во станови веќе нема моќ да се шири и има тенденција да се изгаси, тврди професорот по имунологија и примариус на заразниот оддел на болницата Умберто I во Рим, Франческо Ле Фоче.

За време на денешниот разговор за радио РАИ, Ле Фоче рекол дека сега може да се каже со сигурност дека карантинот значително ја намалила способноста на вирусот да се шири и неизбежно да ја изгуби моќта, а тоа ќе се види појасно со доаѓањето на потоплите денови. Поточно, потоплиот воздух ги намалува капките, така што коронавирусот нема да може да се движи од една до друга личност.

-Овој вирус имаше максимална експлозија со инфекции во болниците, особено кај оние кои не беа во можност да го изолираат од другите оддели. Карантинот исто така овозможи да се започне територијалното здравство, што е основа за јавно здравје, рече Ле Фоче.

Се разбира, ќе треба да имаме вакцина за целосно да се ослободиме од коронавирусот. Проблемот со вакцината ќе биде дали произведува антитела. Но, денес треба да бидеме фокусирани на развој на територијална медицина и кога ќе дојде вакцината ќе биде добредојдена, објаснува Ле Фоче.

Во Италија, територијалната медицина е практично запоставена, а општите лекари практично се способни да пишуваат само рецепти и упати. Дури и заради вообичаената температура, треба да се оди на брза помош, а не на лекар. Ле Фоче вели дека е оптимист и дека оптимизмот е базиран на наука, додавајќи дека коронавирусот исто така влијаел врз него да ја разбере важноста како на територијата мора да се штити јавното здравство. Со години, здравствените фондови се намалуваа и ова најмногу го погоди она на теренот, општата пракса. И, општата медицина, онаа во областа, треба да го спречи вирусот да влегува во болници. Треба да се создаде поголема соработка помеѓу болниците и лекарите од оваа област. А, во однос на враќањето во нормалниот живот, оној пред коронавирусот, Ле Фоче е оптимист. Неопходно е да почекате уште неколку недели, и ако работите одат како што се случува во изминатите денови, или ако трендот на паѓање на новозаразени продолжи, тогаш, според Ле Фоче, општеството би можело да излезе и да се реорганизира уште во првите недели од мај.

– Не верувам дека ќе мораме во голема мерка да ја намалиме нашата слобода на движење и нашата социјална автономија, рече Ле Фоче, потенцирајќи дека Италијанците можеби нема да можат да одат на летни одмори во странство, „но тие ќе можат да ги поминат одморите во Италија“.