Трамп ја укинува „зелената карта“: Ќе има работа само за Американците

од Nikola Popovski
144 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна наредба за „привремено запирање на имиграции во САД“ заради коронавирусот.

„При нападот на невидливиот непријател, како и потребите да се заштитат работните места на нашите американски граѓани, ќе потпишам извршна наредба за привремено запирање на имиграции во САД“, наведе Трамп на Твитер.

Тој, меѓутоа, не образложи како тоа ќе влијае на програмите на имиграција, а Белата куќа се уште не објави никакви детали. Од друга страна, неименуван функционер, за кој АП вели дека е запознаен со плановите, рекол дека наредбата ќе биде насочена кон спречување на добивање на дозвола за живеење и работа во САД.

Тоа ги вклучува лицата кои бараат работа во САД на основа на зелена карта и роднини на сопственици на зелена карта, кои не се државјани на САД.

Околу милион луѓе добиле зелена карта минатата година.