Главниот шведски епидемиолог го повлече извештајот за бројот на заразени: Откриени се сериозни грешки

од Nikola Popovski
145 прегледи

Шведската агенција за јавно здравје денес требаше да објави извештај за проценетиот број на инфицирани со коронавирус во Стокхолм, но презентацијата била откажана, јавуваат шведските медиуми.

Главниот епидемиолог Андерс Тегнел изјавил дека имало „сериозни грешки“ во моделот, врз кој е направен извештајот и морал да се повлече.

„Откривме грешки во извештајот и авторите на извештајот во моментов поминуваат низ материјалот и го разгледуваат. Ќе го објавиме извештајот веднаш штом ќе се заврши“, напиша Агенцијата за јавно здравје денес на Твитер.

„Со таквите модели е тешко да се работи, произлезе дека погрешна варијабла (променлива) е внесена уште на самиот почеток. Потоа, втората променлива беше изменета за да се достигне целната вредност. Поради тоа, резултатот беше огромна бројка. Грешката требаше да ја забележиме веднаш“, изјави Тегнел.